СПАСОВСКИ : НА МОЈА ОСОБЕНА ЧЕСТ ВО КРУГОТ НА МВР ДЕНЕСКА БЕШЕ ВРАЧЕНА ДОНАЦИЈА НА ВОЗИЛА И ОПРЕМА ОД АМБАСАДАТА НА СОЈУЗНА РЕПУБЛИКА ГЕРМАНИЈА, ВРЕДНА 675.000 ЕВРА

0
1030
На моја особена чест во кругот на МВР денеска беше врачена донација на возила и опрема од Амбасадата на Сојузна Република Германија, вредна 675.000 евра, наменета за Одделот за гранични работи и миграција при Министерството за внатрешни работи.

Благодарност за партнерството и помошта што Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија во континуитет ја добива од своите меѓународни пријатели и партнери, меѓу кои несомнено, посебно по својот обем и квалитет би сакал да ја потенцирам поддршката од Сојузното министерство за внатрешни работи на Сојузна Република Германија.

Целокупната донација претставува опрема е од најразличен карактер и има за цел во повеќе сегменти да ги подигне капацитетите за работа на Граничната полиција, да придонесе за зајакнување и надополнување на техничките аспекти на Граничната полиција, со цел нејзино полесно и поефикасно функционирање согласно современите професионални стандарди и полесно справување со предизвиците во борбата против меѓународните закани и прекуграничниот криминал, имајќи ја предвид позитивната пракса на ЕУ.

Оваа донација е дел од програмата за поддршка од Владата на Сојузна Република Германија за МВР – Одделот за гранични работи и миграции, Регионалните центри за гранични работи и полициските станици од Граничната полиција за 2021 година, но со оглед на отежнатите услови на производство и достава на опремата поради Ковид пандемијата, таа се испорачува денеска.
Фејсбук статус на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.