ШУТАРОВ : ВМРО-ДПМНЕ И АРСОВСКА ГИ ОСТАВИЈА СОКПЈАНИ БЕЗ ЈАВЕН ПРЕВОЗ, А ВРАБОТЕНИТЕ ВО ЈСП БЕЗ ПЛАТИ

0
394

Изјава за медиуми, Гордан Шутаров, советник на СДСМ и коалицијата во Советот на Град Скопје.

Почитувани граѓани, почитувани новинари,
 
Кулминираше неспособноста на градската власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ и Данела Арсовска.
За првпат во историјата главниот град на државата е оставен без јавен превоз.
Жителите на Скопје, учениците, студентите, работниците, пензионерите се оставени без основната потреба, без превоз од Јавното сообраќајно претпријатие.
Истовремено, возачите и вработените во ЈСП се оставени во една катастрофална состојба, без пари, без плати и тоа во време на економска криза.
Катастрофата, хаосот што се случува во град Скопје е резултат единствено на неспособноста на кадрите, на медарите од ВМРО-ДПМНЕ и нивната градоначалничка.
Иако од буџетот на Град Скопје оваа година за ЈСП се наменети 8,6 милиони евра, долгот на ЈСП е драстично зголемен. Направен е долг од 1 милион евра за една година.
Тоа се причините зошто возачите, вработените во ЈСП немаат земено плати, тоа се причините зошто во Скопје нема јавен градски превоз.
Зафатени со тендери и провизии, од ВМРО-ДПМНЕ заборавија на граѓаните и вработените во јавните претпријатија.
Пред една година Мицкоски и Арсовска заедно на скопјани им ветуваа бесплатен јавен превоз, а сега јавниот превоз воопшто го нема, ЈСП е во колапс.
СДСМ и советничката група се на страната на граѓаните, на страната на возачите и работниците во ЈСП.
Ќе ја поддржиме одлуката за пренамена на пари на ЈСП за да им е исплатат платите, за скопјани повторно да добијат јавен превоз.
Но истовремено, ќе бараме и отчет и одговорност. Јавноста треба да знае зошто се направени долговите и дали во изминатава година е потпишан анекс договор, без никаква спроведена постапка на договорот за снабдување со нафтени деривати со кој секој литар гориво е поскап за 5,6 денари?
Актуелната градска власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ е една од поголемите непогоди што го зафатија Скопје.