Јованович : Владата на Заев се бори за надежта наспроти стравот во Македонија

0
1075

Добро е што владата е упорна и не се откажува од евроинтеграциите без разлика на бугарското вето. Добро е, велам, затоа што и самата влада треба да знае дека ништо не е така отровно и опасно како песимизмот. Ние сите мора да влечеме напред затоа што песимизмот се претвора во нихилизам од типот: “сите тие се исти” или “ништо овде не може да се промени”.

Напротив, се’ се промени. Македонија не е иста земја како од времето на Груевски. Има плуралност, секој може да зборува, решивме тридецениски билатерален спор со Грција, влеговме во НАТО (односно ја свртевме земјата кон Запад), имаме пријатели и сојузници во целиот свет; македонци сме, имаме свој признат идентитет и признат јазик, останува уште проблемот со Бугарија.

Сакам да кажам дека во секој човек постои надеж и страв. Од нас зависи кои од овие две работи ќе ги поттикнуваме. Јас сум секогаш за надежта. А исто така верувам дека луѓето во оваа земја сакаат да ни се случи нешто добро, позитивно и корисно, а тоа го очекуваат и од својата влада.

Оваа влада тоа и го прави. Поттикнува убави работи, се бори за своите цели и се залага за да се реши спорот со Бугарија; работи да ни се случи нешто позитивно. И тоа се гледа со голо око, не треба човек да биде Шопенхауер, Фихте или Хобс, па тоа да не го види.

Рековме, од нас зависи што ќе поттикнуваме: стравот или надежта. Јас го бирам второто. Секогаш!
Фејсбук статус на Ненад Јованович.