ГРАД СКОПЈЕ ГО РЕШИ ПРОБЛЕМОТ СО ЈСП, ОД ПОПЛАДНЕВО АВТОБУСИТЕ ПРОДОЛЖУВААТ СО РЕДОВНИТЕ ЛИНИИ ВО ГРАДОТ

0
472

Од попладнево автобусите продолжуваат со сообраќање на редовните линии во градот Скопје, откако градоначалничката изнајде решение, информираат од градот, по средбата со синдикалните лидери од КСС и ССМ.

ЈСП продолжува со нормалното функционирање, откако градот Скопје изнајде решение за вештачки предизвиканата криза во претпријатието, велат од град Скопје.

Оттаму повикаа на одговорност на управниот одбор на претпријатието кој го предизвика хаосот.

– Повикуваме, менаџментот на претпријатието во ликот на Управниот одбор на истото веднаш да поднесе неотповиклива оставка од функцијата поради несоодветно менаџирање со претпријатието, поттикнување и предизвикување на хаос, велат од градот.

Платите за ЈСП се обезбедени. Во меѓувреме остануваме на барањето, Владата и општините во најкус можен рок да ги исплатат насобраните милионски долгови, додаваат оттаму.