(Видео) Генерал Ангелов : Мартин Протуѓер е поголем монструм и од УЧК! Од нив не сум добивал закани за мојата жена и деца!

0
1365

angelov 888

о собирот пред МРТ Ангелов кажа дека нема да поднесува пријава против уредникот на вестите, Горан Петревски, а протестите секоја вечер ќе се одвиваат пред Јавното обвинителство на кои се очекува голема поддршка од граѓаните, пренесе А1он.

-МРТ има покритие, гледав во очите на Горан Петревски и ми се јави сликата кога истиот овој Горан стоеше пред Владата како новинар или уредник на А1 телевизија. Го слушав неговото образложение, видов страв во неговите очи, тој тоа нема да го признае, но Горан е уплашен. Јас Горан не го мразам, не го осудувам, тој е само еден од многуте исплашени Македонци во кои спие заспаниот лав, рече Ангелов.

Затоа и нема да поднесуваме кривични пријави против него, зашто ми падна жал поради неговиот страв. Но и да поднесеме кривични пријави, се додека обвинителството го има она соопштение и нивна одлука, секаква тужба нема да помине, рече Ангелов.

[youtube height=”500″ width=”600″]https://www.youtube.com/watch?v=8ZTp_Qu5WdE[/youtube]

На средбата со уредникот на МРТ ми беше објаснето дека всушност постапувале по наредба на Јавното обвинителство, тоа е наредба која е противуставна и која ќе ја срушиме. Не може Јавното обвинителство да и забранува на МРТ која е сервис на граѓаните, односно треба да биде сервис на граѓаните, а не сервис на режимот да и забранува да ги емитува разговорите. Образложението на ЈО дека разговорите се предмет на некакви си кривични постапки е целосно неиздржано, зошто и со меѓународните конвенции сето она што е објавено во јавност, не може да претставува државна тајна.

-Дел од јавноста веќе знае за оние монструозни разговори кои ги водел нечесниот нелегитимен премиер Никола Груевски, криминалец, волк во јагнешка кожа. Видовме како од една прошетка заработува милиони и милиони евра, но во тие пари нема да ужива, рече Ангелов.

За ваквата пресуда, на обвинителството нема да им требаат заштитени сведоци како што им требаа за Братот Љубе Бошкоски. Сведоци има многу и не може да ги замолчат. Нема да ме замолчат ниту мене, се вршат силни притисоци на различни начини за да ме обесхрабрат, но нема да успеат, нема можност да ме замолчат додека не ги кутнеме на колена.

Никола Груевски, не знам како се гледа во огледало и вчера со сиот памет си зборува, си прави смешки, се обидува да ги насмее оние кутри луѓе донесени на сила, и на крајот вика ме знаете мене јас сум Никола. Да, бе Никола, те знаеме, те видовме, рече Ангелов.

Видео – А1он

[youtube height=”500″ width=”600″]https://www.youtube.com/watch?v=I4bharlgcwI[/youtube]

12. Разговор на Миле Јанакиески со Мартин Протогер

МЈ: Ало?
МП: Ало?
МЈ: Молам
МП: Овој мајмунов од Фудбалска федерација намерно не пушта карти за утакмицава, за да не се напуни стадионов.
МЈ: Му кажав на тој шо му е чоеко, денес за тоа праев муабет..ако не објават до понеделник…
МП: Ако не објават до понеделник, кажи му дека он, жената, децата, све у ендек ќе ги најдат…Мајката да им ја ебам јас нивна комунистичка нивна..педерска…
МЈ: Ај чао..
МП:Ај…