ШТОМ ЗАЕВ ДЕМАНТИРАЛ, КОВАЧЕВСКИ НЕ КОМЕНТИРА – ПРЕМИЕРОТ ЗА МОЖНИОТ ПУЧ И ИНТРИГИ ВО СДСМ

0
661

На новинарско прашање во какви односи е со Зоран Заев Ковачевски рече дека неговиот однос со сите претходни претседатели на СДСМ е „на ниво на комуникација со луѓе кои што се вградиле, како во развојот на партијата, така и во развојот на државата“. Премиерот Димитар Ковачевски не сака да ги коментира пишувањата за можен пуч во СДСМ, со оглед на тоа што, како што рече, и самиот поранешен претседател на СДСМ и премиер Зоран Заев ги демантирал. На новинарско прашање во какви односи е со Зоран Заев Ковачевски рече дека неговиот однос со сите претходни претседатели на СДСМ е „на ниво на комуникација со луѓе кои што се вградиле, како во развојот на партијата, така и во развојот на државата“.

– Сите извршувале високи државни функции и секако, со оглед на искуството кое што го имаат, доколку биде потребно, јас знам да се консултирам со нив. Најголемиот дел од претседателите присуствуваа и на трибините кои што го имавме како политичка партија во текот на месеците октомври, ноември и декември и со тоа и ја искажаа својата поддршка – изјави Ковачевски. Тој рече дека СДСМ по поразот на локалните избори во 2021 година е веќе консолидирана партија, која ги гради своите политики во рамки на официјалните тела и е вратена на победничките патеки – рече Ковачевски, одговарајќи на новинарски прашања по најавата на првата нова инвестиција во ТИРЗ. Консолидацијата, посочи Ковачевски, се потврдила преку големиот број трибини, вкупно 79 низ цела држава и со победата на изборите за градоначалник во Маврово-Ростуше, како и подобрените резултати на изборите за советници во Општина Тетово.