ОЈО ПРЕКУ ВИДЕОНАДЗОРОТ ВО „ИДРИЗОВО“ И ЛИСТИНЗИТЕ ОД ТЕЛЕФОНИТЕ ЌЕ ИСТРАЖУВА ДАЛИ ЗАТВОРЕНИКОТ БИЛ НАМЕРНО ПУШТЕН

0
603

Со цел да се утврди дали во конкретниот случај се испочитувани законските процедури и дали евентуално има основи за сомнение за кривично дело противзаконито ослободување лице лишено од слобода од член 373 од Кривичниот законик, јавниот обвинител веднаш нареди да се обезбедат снимки од видеонадзорот во КПУ „Идризово“-Скопје, како и листинзи од мобилните телефони на службените лица, се наведува во соопштението од ОЈО Скопје. Оттаму информираат дека тројца од затворските полицајци, кои заедно со ранетиот колега го вршеле спроводот на осуденикот, како и нивниот сменски командир, се задржани во полициска станица, информираат од ОЈО Скопје.

Дежурен јавен обвинител на Основното јавно обвинителство Скопје, во врска со бегството на осуденикот од комбе на затворот „Идризово“, во кое беше ранет припадник на затворската полиција издал наредби за обезбедување на снимки од видеонадзорот во Казнено поправната установа, листинзи од телефоните на службените лица за да се утврди дали постојат основи на сомнение за кривично дело противзаконито ослободување лице лишено од слобода. Министерството за правда утрово преку писмено соопштение информираше дека синоќа во 23:20 часот, додека припадници на затворската полиција со службеното возило на КПУ „Идризово“ го спроведувале 36-годишниот затвореник со иницијали Б.М. од затворот во Ургентниот центар „Мајка Тереза“, заради укажување на лекарска помош поради повреда на десната рака, кај бензинската пумпа на „Лукоил“ на автопатот кон Скопје, биле пресретнати од возило марка „ауди“ со сива боја, кое им го блокирало патот.

Затвореникот во тој момент му го одзел пиштолот од футролата на затворскиот полицаец И.Х. кој го управувал комбето, пукал во него и го ранил во долниот дел на стомакот. Возачот, поради повредата, го запрел возилото, а осуденикот се дал во бегство со „ауди-то“. Ранет полицаец во филмско бегство на затвореник од комбе на „Идризово“. Од Обвинителството информираат дека по осуденикот се трага под сомнение дека сторил кривично дело обид за убиство на службено лице. Во меѓувреме тројца од затворските полицајци, кои заедно со нивниот ранет колега го вршеле спроводот на осуденикот, како и нивниот сменски командир, се задржани во полициска станица.