ШОКАНТНО, НЕМА ДА ВИ СЕ ВЕРУВА КАКВА САМО ТЕОРИЈА НА ЗАГОВОР КАЖА ЛИДЕРОТ НА ВМРО-ДПМНЕ ХРИСТИЈАН МИЦКОВСКИ ВЕЧЕРВА КАЈ ЈАНКО БУРЕК, ВАСКО ЕФТОВ СЕ ЧЕША ЗА ГЛАВАТА!

0
1605

Спремете се ова е јако, држете се добро за столот или за масата, ова е многу јако:

Значи ај ова да го преведеме, што сакаше Мицко да каже:

– Заев и Бојко направиле план како да ја унишат МАКЕДОЊА

– Бојко ни лупнал вето пошто Заев глумел дека не попушта…

– во тоа цела ЕУ решила да им помогне со тоа што барањата на Бугарија станале барање на ЕУ…

– Заев бил дел од ова затоа што ќе речел, јбг ова ЕУ го бара мора да попуштиме, иако човекот 100 пати кажа дека црвената линија нема да се помине, Пендаровски рече сто пати дека без идентитет и јазик, ЕУ не ни треба и за ова се обединети сите и Албанци и Македонци и Турци и Роми и сите…

– и овој план пропаднал затоа што се побуниле Словачка и Чешка кои застанале на патот на Заев да ја уништи Македоња!

Како бе само им текнуваат вакви работи? Имаат ли брејнстормин у партија и со Антоњо и со Ацо се натпреваруваат кој ќе смисли полуда приказна и дали овде учествува Влатче Ѓорчев, ова ми мириса на Влатче он е цар за овие работи…

Еј ок е да сакаш да го оцрниш политичкиот противник, ама бе да се нема толку респект за јавноста, цело време да се иде на картата дека народот пие нафта и дека е удрен со мокра чорапа и ќе поверува во сите лудории што ќе им се презентираат, па тоа го прават уназад 10 години и си тераат како во најдобрите времиња на Груевизмот, немаат абер да престанат со тоа…

Еве ај да речеме дека ова што го збори Мицко не е луда и забегана теорија. Ајде да речеме Заев и Бојко смислиле таен план за уништување на Македонците. Како тоа ќе го реализирале? Ззарем има некој Македонец кој ќе прифати да се прогласиме за Бугари и да го укинеме македонскиот јазик?! Па ќе се деси народ, ќе се смени влада, како тоа би се реализирало бе Мицко? Зошто упорно го потценуваш народот и му ја потценуваш интелигенцијата?

Причината зошто не се деси народ после договорот од Преспа е затоа што тој договор беше фер, додадовме придавка на името која е логична, го задржавме идентитетот и јазикот, добивме отворена врата за НАТО и ЕУ, сосема ок договор. Но она што сега го заговара Мицковски е навистина чист идентитетски потоп, како тоа ќе помине кај народот?!! Зошто шири вакви приказни што не држат вода?! Наместо да се реформира и да се откаже од Груевски и мафијата, тој се држи за нив како пијан за плот и спасот го бара во вакви луди теории на заговор, мисли дека со вакви смешни детски приказни ќе успее да се докопа до премиерската фотеља, но згрешил, го потценува народот, народот сепак не е толку глуп како што он се надева!