ГЕРАСИМОВСКИ : ГРАДИНКАТА КОРЧАГИН ДОБИ ЦЕЛОСНА РЕКОНСТРУКЦИЈА НА КРОВОТ И ВНАТРЕШНОСТА НА ГРАДИНКАТА

0
284
Објектот Пинокио, клон на детската градинка „Раде Јовчевски Корчагин“ доби комплетно реконструиран кров, надворешни тераси и внатрешноста на целиот објект. Во внатрешниот дел на објектот се реновирани занималните и ходниците, реконструиран е  дел од ентериерот, извршена е  замена на внатрешната столарија, прозорците и паркетот, тоалет на горниот кат, а направена е и целосна замена на електричната инсталација како и реконструкција на дел од водоводната и канализациона мрежа.
„Квалитетната и сеопфатна детска заштита подразбира континуирано подобрување на условите во градинките и грижа за најмладите. Затоа работевме на обновување на кровната конструкција и во објектот Пинокио со цел да придонесеме за уште подобри услови за престој на децата особено во зимските и дождливите периоди. Паралелно инвестициите во внатрешноста на градинката и просториите ќе придонесат за поквалитетен воспитно образовен процес и зголемен комфор за децата“, порача Герасимовски.
Покрај реконструктивните работи Општина Центар обезбеди и дидактички материјали за сите деца од градинката. Општина Центар и понатаму ќе продолжи да работи во интерес на граѓаните со цел да се задоволат потребните услови за згрижување на децата во градинките според најсовремените стандард.