ШОКАНТНО : ГРАДСКАТА БИБЛИОТЕКА ВО ПРИЛЕП НА 26 АПРИЛ ЌЕ ГО ДОНЕСЕ СКИЕНТОЛОГОТ ЖАРКО КОСТИЌ КОЈ ЈА МАСКИРА БИЗАРНАТА СЕКТА ,,СКИЕНТОЛОГИЈА” КАКО ЛАЖНО ПСИХОЛОШКО СОВЕТУВАЛИШТЕ, СКИЕНТОЛОГИЈАТА Е ЗАБРАНЕТА ВО ГЕРМАНИЈА КАКО ШТЕТНА СЕКТА ДОДЕКА ВО САД Е НОН СТОП ТАРГЕТ НА НОВИНАРСКИ ИСТРАГИ ЗА БИЗАРНИ СКАНДАЛИ И АФЕРИ!

0
910

Шокантен потег на градската библиотека во Прилеп ,,Борка Талески” поради одлуката да го донесе скиентологот Жарко Костиќ на 26 април па уште и за тоа ќе се намлатат по 500 денари влезница?!

Жарко Костиќ е извесен и лажен доктор кој држи лекции за живот, љубов, енергија, психологија итн итн а всушност цело време ја шитка книгата ДИЈАНЕТИКА напишана од Л Рон хабард и која е библија на сектата Скиентологија која е забранета во Германија како штетна секта која ги злоупотребува своите верници со тоа што ги манипулира и ги краде!

Истиот Л Рон Хабард е основач на Скиентологијата, тој ја создал затоа што барал начин како да се збогати, и Скиентологијата го направила милионер!

Еве ја будалетинката Л Рон Хабард, погледнете го овој фрик чии книги сега се продаваат како најголема тајна на животот и универзумот!

Погледнете како се продава книгата Дијанетика и многу други книги напишани од основачот на Скиентологија, Л Рон Хабард, инаку тежок шизофреник, измамник, и писател на научна фантастика кој бил избркан од Велика Британија на средината на 20-ти век па своите верници ги качил на брод и ги шетал низ светот за да се закотви во Калифорнија каде сега е седиштето на Скиентологија.

Инаку серијалот емисии на телевизија 24 каде Костиќ често се појавува се умно маскирани како психолошки ТВ советувалишта на некакво здружение на граѓани ПОМАГАМ, но тоа е всушност само вешт обид да се скрие Скиентологијата зад сето тоа затоа што сакаат да се измамат читателите дека ги советува некаков доктор а не обичен преварант кој шитка книги напишани од обичен шарлатан кој проповеда религиска секта според која луѓето се настанати од вонземјани и дека бог на целиот универзум е богот ЗУЛУ?!?!

Инаку Скиентологијата е многу бизарна секта која во САД е нон стоп обвиена со скандали, во моментов најактуелен е случајот со Леа Ремини, глумица од САД која има свое шоу посветено на бизарностите и лудостите кои се случуваат во Скиентолошката Црква, а таа добро ги знае затоа што израснала од дете во таа црква се додека не успеала да избега од нејзините канџи.

Погледнете го делот на ,,Нетфликс” поврзан со Скиентологијата на Леа Ремини :

Еве го славниот документарец на ББЦ за Скиентологијата: