ШОКАНТЕН ГОВОР НА ЛИДЕРОТ НА ВМРО-ДПМНЕ, МИЦКОСКИ ГИ СТАПИСА ВМРОВЦИТЕ : ВЕ ЛАЖАТ ТИЕ ШТО ВЕЛАТ ДЕКА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД ЌЕ СЕ ЗАШТИТИ АКО СЕ КАРАМЕ СО АЛБАНЦИТЕ, ГРЦИТЕ, БУГАРИТЕ И ЗАПАДОТ …

0
665

Како дел од тој општествен договор беше и оној современ патриотизам за кој што зборувавме многу во изминатиот период. Современ патриотизам кој што ја проектираше Македонија за години и децении од денес, во различни области. Современ патриотизам во борбата со криминалот и корупцијата, современиот патриотизам што подразбира за посилна и поконкурентна економија, современиот патриотизам како младите да ги за држиме во државата, современиот патриотизам сега она што е актуелно во енергетиката, здравството, современиот патриотизам на локално ниво, современиот патриотизам кој ќе значи иднина во рамките на ЕУ, современиот патриотизам кој ќе значи добри меѓучовечки и добрососедски односи, помеѓу граѓаните во Македонија а потоа и пошироко со нашите соседи.

Мицкоски изјави дека македонскиот народ може да се заштити единствено преку чесна работа и посветеност, а не со методи од 18 или 19 век, како и да не се дозволи да се повторуваат политичари како овие изминатите 5 години.

Секој оној кој што мисли дека со агресија или со методи од 18, 19 или 20тиот век ќе може да го заштити македонскиот народ се лаже и свесно манипулира со чувствата на Македонците и ги доведува до егзодус. Затоа што тоа не е планот и тоа не е начинот да се зашитит најмалиот народ на Балканот. Најмалиот народ на Балканот, Македонксиот народ можеме да го заштитиме со многу работа, со многу иновации, со чесна работа пред се, посветена и храбра и да не дозволиме да ни се повторуваат политичари кои што изминатите 5 години ни се случуваат во Македонија кои што се последица на грешките кои што во минатото и ВМРО-ДПМНЕ ги правел, кажа тој.