ШКУПИ ЌЕ БИДАТ КАЗНЕТИ ОД УЕФА СО НАЈМАЛКУ ДВА НАТПРЕВАРИ БЕЗ ПУБЛИКА!?

0
453

УЕФА денеска ќе одлучува за казните на Шкупи по инцидентите на натпреварот против Левски во квалификациите за Конференциската лига во четврток, кој „сините“ го добија со 2:0.

Делегатот Жан Пол Миевис ги запиша сите инциденти на стадионот. Обвинувањата кон Шкупи се доста сериозни. Ова сигурно ќе им донесе најмалку 2 натпревари без публика, пренесуваат бугарските медиуми.

При ваквите скандали, УЕФА постапува брзо и директно го ангажира своето жалбено тело, за да не се губи време со жалба. Средбата ќе биде во понеделник, а санкциите ќе бидат јасни или навечер или во вторник наутро.

Бугарската фудбалска федерација испрати писмо дека ќе биде опасно навивачите на Шкупи да дојдат во Софија на реваншот против Левски кој ќе се игра на 3 август.Потсетуваме, навивач на Левски беше прободен со нож во пределот на стомакот. Беше опериран во пределот на црниот дроб, моментно е на апарати, а неговата здравствена состојба е тешка, но стабилна.