ЕКСКЛУЗИВНО: Возачот на возилото во кое беше пронајдена голема количина дрога е уапсен и во притвор

0
1073

Редакцијата на ,,Народен Глас” ексклузивно дознава дека возачот на возилото што вчера удри во вагон кај рампата во скопската населба Хиподром и во кое беа пронајдени и запленети големи количини дрога, е уапсен уште во текот на акцијата, а во раните попладневни часови денеска му е одредена мерка притвор од 30 дена.

Се работи за една од двете успешни акции на Бирото за јавна безбедност, предводено од директорот Сашо Тасевски, која започна вчера во 10 часот во скопско Трубарево.

Вчера, околу 10 часот наутро во скопското село Трубарево, полициски службеници забележале сомнително возило „пасат“ со скопски регистерски таблици. Две лица влегле во возилото и се дале во бегство и кај железничката рампа во населбата Хиподром удриле во вагон од воз кој сообраќал по железничката пруга. Откако удриле во вагонот, сомнителните излегле од возилото и почнале да бегаат.

Возачот, додека излегувал од возилото, фрлил една кеса и едно пакување со 112 таблети екстази, една кеса со 1000 таблети екстази и една кеса со 750 таблети екстази, 80 грама амфетамин и пет грама сива кристална материја. По извршен преглед на возилото, пронајдени се и 800 грама марихуана и една дигитална вага. Совозачот од возилото сѐ уште е во бегство.