ШИЛЕГОВ : ЛИЦЕМЕРИЕТО НА ДПМНЕ СЕ ГЛЕДА ВО ТОА ШТО НИВНИТЕ ПРАТЕНИЦИ ВАДАТ ПАСОШИ СО НОВОТО УСТАВНО ИМЕ

0
270
Лицемерието на ДПМНЕ се гледа во тоа што јавно лажно ронат солзи за проблемот којшто го имаат граѓаните со вадењето пасоши а од друга страна вадат пасоши со новото уставно име на државата, тоа е типичен пример на однесувањето на оваа партија, рече членот на ИО на СДСМ, Петре Шилегов во емисијата Вин Вин на Телма Телевизија.
-Јован Јаулевски, Тони Јаревски, Александар Велјановски, Мирче Аџиески, Александар Николовски, Драган Ковачки, Иванка Василевска, Миле Левков, Бојан Стојановски,  Тони Јаревски, сите овие пратеници на ДПМНЕ извадиле дипломатски пасоши со новото уставно име на државата Република Северна Македонија.  Во исто време кога лажно ронат солзи за граѓаните за себе и за своите членови на семејството обезбедуваат пасоши со новото уставно име Северна Македонија. ДПМНЕ ја злоупотребува маката на луѓето, рече Шилегов.
На сметка на државата, на сметка на општеството ДПМНЕ постојано создава проблеми, за политички поени, додаде Шилегов.
-Свесно определена политичка структура ја внесува државата во кризи и блокади и после врз основа на тоа се обидува да фати политички поени. Не велам дека немало пропусти или дека организацијата можела да биде подобра. Но додека 600 илјади граѓани се соочуваат со проблем, оној пратеник што одеше да се слика на граници има извадено дипломатски пасоши ја злоупотребува ситуацијата и ги лаже граѓаните, додаде Шилегов.
ДПМНЕ ги лаже граѓаните дека со измена на Закон ќе може да патуваат во земји, тоа не е коректно и неодговорно кон граѓаните, рече членот на ИО на СДСМ, Петре Шилегов.