ТРЕНЧЕВСКА : УНИЦЕФ Е НАШ ГОЛЕМ ПОДДРЖУВАЧ И ПАРТНЕР ВО ПОЛИТИКИТЕ ОД ДЕТСКА И СОЦИЈАЛНА ЗАШТИТА, СОРАБОТКАТА ПРОДОЛЖУВА

0
500

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска се сретна со Артур Ајвазов, заменик-претставник на УНИЦЕФ, во земјава, на која се разговараше за тековните и идни проекти и соработката помеѓу двете институции.

„Грижата за децата е еден од приоритетите на Министерството за труд и социјална политика. Поддршката која ја добиваме од УНИЦЕФ во креирање и имплементирање на политиките кои се во насока на обезбедување на поголема заштита и унапредување на правата на децата, навистина е значајна за нас. Воспоставената соработка овозможува и примена на светските практики и  највисоките стандарди со цел обезбедување на најдобриот интерес на детето, “ рече Тренчевска.

На средбата се разговараше за тековните проекти и активности, во кои министерството има значајна поддршка од УНИЦЕФ, како што е деинситуционализацијата и воспоставувањето на новите форми на згрижување, згрижувачките семејства, малите групни домови, како и социјалните услуги на локално ниво како дел од социјалната реформа. Во делот на детската заштита стана збор и за значењето на раниот детски развој, а во таа насока беа потенцирани и заложбите на Владата за зголемување на капацитетите за згрижување на деца од предучилишно воспитание, вложување во зајакнување на компетенциите на стручниот кадар во нив, преку обуки за социо-емоционален развој на децата и градење на капацитетите на родителите , преку позитивно родителство, што би осигурало стабилен развој на децата.

Соговорниците изразија уверување и подготвеност за продолжување и продлабочување на досегашната соработка во областа на детската и социјална заштита и во иднина.