ШЕФОТ НА ЦУК, АНГЕЛОВ : НАШИТЕ ХРАБРИ ПОЖАРНИКАРИ, ХРАБРИ ПИЛОТИ НА ХЕЛИКОПТЕРИ И ХРАБРИ ВОЈНИЦИ И ПОЛИЦАЈЦИ ПОКАЖАА ИСКЛУЧИТЕЛНА ПРОФЕСИОНАЛНОСТ И ПОЖРТВУВАНОСТ

0
453

Не значи дека ако нешто е наше, домашно, македонско, по автоматизам не чини. Да учиме од другите но и да си го почитуваме своето.

Сите ние заедно вчера бевме на висина на задачата. Со онаа опрема која ја имаме, со оние средства со кои располагаме. Недостатокот на средства и опрема го надополнивме со големо срце, посветеност и пожртвуваност.

Голема благодарност до сите професионалци но и граѓани кои вчера учествуваа во гаснењето на големиот пожар во Тетово во кој никој не загина ниту некој беше сериозно повреден, но и до медиумите за професионалното и објективно известување.

А сеирот, сеирот е дел од нашиот менталитет и барем ние јавните личности мора да се навикнеме на него. Јас се навикнав одамна.