АЛИ АХМЕТИ СО ЧИФТЕЛИИ ВО КАНЦЕЛАРИИТЕ НА АРТАН ГРУБИ СО ПЕСНА ГО ПРОСЛАВИ 65-ТИОТ РОДЕНДЕН

0
311

Али Ахмети – лидерот на ДУИ го прослави 65-тиот роденден, а вицепремиерот Артан Груби на својот Фејсбук профил објави видео од „малата веселба“ со чифтелии во неговиот кабинет.

Ахмети пак ги покажа гласовните способности и талентот за пеење:

Али Ахмети е роден на 4 јануари 1959 година во кичевското село Зајас, Република Македонија. Завршил гимназија во Кичево, а потоа и Филозофски факултет на Универзитетот во Приштина, каде што дипломирал во 1983 година. Таму организирал студентски протести и бил апсен и осуден на едногодишна затворска казна. Во 1986 година добил политички азил во Швајцарија, каде што живеел до 2001 година и дејствувал како координатор на различни групи на албанската дијаспора.

Во 2001 година Ахмети е избран за врховен командант и политички претставник на УЧК (ОВК) во Македонија. По Охридскиот договор потпишан во август 2001 и распуштањето на УЧК, Ахмети ја основа партијата Демократската унија за интеграција и станува нејзин претседател. Од септември 2002 година ДУИ победува на избори, Ахмети е избран за пратеник, а оттогаш, со мали прекини, оваа партија е коалициски партнер на сите досегашни влади.