МАРИЧИЌ : ТРУДОТ ДА СЕ ПЛАТИ И РАБОТНИКОТ ДА СЕ ЦЕНИ, СЕ ЗАЛОЖБИТЕ НА ОВАА ВЛАДА

0
484

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ, во честитката по повод Меѓународниот ден на трудот – 1 Мај, порача дека мора работникот да се цени и трудот да се плати, заложби поради кои подобрувањето на животниот стандард останува да биде приоритет на Владата.

Вицепремиерот Маричиќ во својот Фејсбук статус напиша дека и кога светот се соочува со нови предизвици и економска криза, Владата покажа дека е вистински партнер на граѓаните и во ваква тешка година, потврди дека може да биде година на социјална правда, рекордно покачувајќи ја минималната плата.

– Знаеме дека за напредок потребен ни е добро платен, задоволен и заштитен на работа работник. Затоа имаме волја за залагање во градење општество на еднакви можности за сите, за подобра позицијата на работниците, економски силно и европско општество со работници кои можат достоинствено да живеат.

Изминатите години градевме општество на демократски вредности, слобода и граѓански права. Го вративме достоинството на работниците со покачување на платите во сите сектори, а социјалниот дијалог повторно го вративме на маса.

Постигнувањето социјална правда, намалувањето на нивото на експлоатација на работниците, како и постигнувањето на највисоките меѓународни стандарди во областа на правата на вработените се и мора да бидат дел од нашите постојани аспирации, стои во Фејсбук статусот на Маричиќ.