ШЕФОТ НА БЈБ САШО ТАСЕВСКИ ДО НАЧАЛНИЦИТЕ НАЗНАЧЕНИ ИД ЧУЛЕВ : Излезете на терен, заштитете ги граѓаните

0
1005

“Наместо да испраќате политички пораки, постапете професионално на дело, а не само со зборови”, вели директорот на Биротот за јавна безбедност, Сашо Тасевски по реакциите на неколкумина началници на изјавата на директорот Тасевски дадена за НОВА во која тој го критикува техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев за партиски притисок врз полцијата.

“Излезете на терен и заедно со полицајците спроведете ги мерките за заштита кои се од интерес на сите нас. Издигнете се над партиските повици и задржете го професионалниот, но пред се личниот интегритет и заштитете ги граѓаните од кои сите ние сме платени. Изминативе три години довербата во полицијата порасна и сега сме и најпотреби на државата и граѓаните, да не ги разочаруваме” вели Сашо Тасевски кој се обрати до редакцијата на НОВА а по објавата на изјавите на началниците на СВР, Скопје, Штип, Охрид и Струмица.