Шведската полиција го уапси раперот Снуп Дог

0
1149

Шведската полиција го уапсила познатиот американски рапер Снуп Дог, под сомневање за консумирање дроги, пренесоа во неделата медиумите.

snoop

Според интернет изданието на британскиот весник The Guardian, 43-годишниот музичар бил запрен од сообраќајна патрола по неговиот концерт.

„Полицијата, која вршела сообраќајна патрола, забележала дека Снуп Дог, чиј автомобил бил запрен, бил под влијание на наркотици. Тој бил приведен и пренесен во полициска станица“, го цитира весникот портпаролот на локалната полиција, Данел Нилсон.

По приведувањето, на него биле извршени тестирање на урината за присуство на дроги, изјави полицијата. По завршување на тестовите, раперот бил ослободен, а сè уште не се познати резултатите од тестот.

Раперот сними и објави неколку видеа за време на апсењето и го постави на својот Instagram профил – во еднo од кои вели дека никогаш повеќе нема да се врати во Шведска.