ЧИСТА ГЛУПОСТ СЕ ТВРДЕЊАТА НА ПЕНДИКОВ, ДРЖАВАТА ГИ ШТИТИ СИТЕ ГРАЃАНИ, ВЕЛИ МИНИСТЕРОТ ЗА ВНАТРЕШНИ ОЛИВЕР СПАСОВСКИ

0
439
Чиста глупост се обвинувањата кои охриѓанецот Христијан Пендиков ги изнесе во своето прво интервју по нападот, коментира министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

Министерот е дециден дека во Македонија се почитуваат правата на секој еден граѓанин во државата. Во таа насока, Спасовски се осврна на фактот што меѓународните институции ја оценија Северна Македонија како една од најбезбедните држави во регионот.

„За секој еден граѓанин, безразлика дали е Македонец, Албанец, Турчин, Србин, Бошњак, Влав, Ром, Бугарин, Црногорец, кој било – државата е тука секогаш за нивна заштита“, рече Спасовски.

Во врска со причините за нападот врз Пендинов, министерот вели дека во тој дел одговорот го дава Обвинителството и случајот е расчистен.  Не можете 30 години да живеете во државата во која никој еден збор не ви префрлил, вели Спасовски, а сега одеднаш тоа да не го цените и да ја прикажувате државата како земја која не ги почитува ваште права.