ЧЕ ВРЕДИ: ЈАВНИ ТОАЛЕТИ – НУЖНОСТ

0
548

✅ ЈАВНИ ТОАЛЕТИ -НУЖНОСТ

Прилеп традиционално е домаќин на многубројни културно-уметнички манифестации и манифестации од забавен карактер кои подразбираат поголема фрекфенција на луѓе низ централното градско подрачје. Дополнително старата прилепска чаршија, градскиот пазар и локацијата на деловните објекти наменети за социјализација на граѓаните, како и фрекфентноста на граѓаните низ центарот а градот која кулминира за време на викендите и пазарните денови, нужно ја наметнуваат потребата од современи градски тоалети во централното градско подрачје.

Прилеп мора да го следи елементарниот тренд на современите европски градови и на своите жители и посетители да им ги обезбеди елементарните услови за обавување на физиолошките и хигиенски потреби на јавниот простор.

Фејсбук статус на граѓанската иницијатива, ЧЕ ВРЕДИ.