ЈОВАНОСКИ : ЧЕЛНИЦИТЕ НА ОК ВМРО-ДПМНЕ ОД ПРИЛЕП 4 ГОДИНИ ОСТАНАА ДОСЛЕДНИ ВО ПЛАСИРАЊЕ КЛЕВЕТИ, ЛАГИ И НЕВИСТИНИ

0
732

Челниците на ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Прилеп, 4 години останаа доследни во пласирањето клевети, лаги и невистини. Но во намерата да го дискредитираат моето работење, со вчерашната прес конференција се надминаа себеси.
Вистината е следна:
☑️За време на моето извршување на функцијата градоначалник на општина Прилеп, од 2018 до 30.09.2021, расходите за репрезентација изнесуваат 5.239.000 ден.
☑️Наспроти ова, Марјан Ристески за време на неговиот последен мандат, од 2014 до 2017 за истата намена потрошил 14.670.000 ден, односно трипати повеќе од трошоците за репрезентација во мојот мандат.
☑️Од 2018 до 2021, трошоците за течни горива и масла на Општина Прилеп и Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) изнесувале 4.500.000 ден, а од 2014 до 2017 власта на ВМРО-ДПМНЕ за гориво и масла потрошила двојно повеќе, односно 10.000.000 ден.
☑️Од 2018 до 2021, за рекламирање во ТВ, радија, интернет портали и печатени медиуми и за разни јавни објави, Општината потрошила 4.000.000 ден. Тоа е трипати помалку од оние 11.360.000 ден, колку што Ристески потрошил за истата намена од 2014 до 2017 год.
☑️За набавка на весници и списанија, од 2018 до 2021 потрошени се 200.000 ден, за разлика од фрапантните 1.600.000 ден. потрошени од ВМРО-ДПМНЕ и Марјан Ристески.
Господа од ВМРО-ДПМНЕ, пред фактите молчат и боговите!

Фејсбук статус на градоначалникот на Општина Прилеп, Илија Јованоски.