ЧЕСТИТКА НА ГЕНЕРАЛНИОТ СЕКРЕТАР НА СДСМ, ЗЕЧЕВИЌ ЗА КУРБАН БАЈРАМ

0
665

По повод верскиот празник Курбан Бајрам, генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ Вардарски денеска упати честитка до сите граѓани и верници од исламска вероисповед.

Ви го честитам големиот празник Курбан Бајрам, ви посакувам добро здравје, семеен мир и спокој, а светите денови посакувам да ви бидат исполнети со радост.
Овој празник ги возвишува благородните дела, солидарноста, споделувањето и взаемната почит.

Како што овој празник зближува, да бидеме заедно во надминување на сите предизвици и да ја градиме заедничката иднина врз вредностите на солидарноста, меѓусебното разбирање и почитување.Нека е за многу години празникот!