Хаосот во кривопаланечките воспитно-образовни институции продолжува

0
1636

Како и се друго, така и образованието во градот стана сериозен бизнис.

Имено претседателката на УЖ на ВМРО ДПМНЕ од Крива Паланка, Елена Давидовска, инаку наставник по англиски јазик, откако не успеа во намерата да влезе во дипломатските води, вежба дипломатија со родителите, учениците и наставниот кадар во ООУ Јоаким Крчовски од Крива Паланка. Таа на дрзок и безобразен начин, во текот на редовната настава ги уценува учениците на кои што им предава, да се запишат на курс по англиски јазик во нејзиното приватно училиште за странски јазици.

prijava

Ова се ливчињата(оди слика во прилог) кои ги дели во текот на работното време и на работното место, што е законски недозволено. За да се чувствува така комотно и сигурно во својата работа, огромна помош во ширењето на својот бизнис има од нејзиниот сопруг Ивица Давидовски, кој е локален инспектор за образование и главен кадровик во ОК на ВМРО ДПМНЕ во Крива Паланка. За да ги сокријат траговите до крај, тие за раководител на приватното училиште назначуваат една од редот на вработените.

Јавноста и колегите од ОУ Јоаким Крчовски се прашуваат како просветен инспектор може да врши контрола и да ја оценува во работата својата сопруга. Дали е тоа законски и непристрасно. Во исто време јавноста коментира дека сопругот Давидовски е недозволиво да биде инспектор за образование кога едвај заврши средно образование и има огромен број на прекршочни и кривични пријави за тепачки, инциденти и тешка телесна повреда на еден свој сограѓанин.

Ова е уште една потврда како власта и нејзините членови дрско и безобразно ги злоупотребуваат институциите на системот, без при тоа да бираат средства и начин како да стасаат до капитал.

Но дрскоста на ова семејство не застанува тука. Тие од неодамна откако се пресметаа со партиските неистомисленици во ОУ Јоаким Крчовски, тука си ја вдомија нивната старосватица Елена Таскова. Деновиве низ паланечките кулоари се коментира дека тие за да го зајакнат сопствениот бизнис, отворено атакуваат на директорската позиција во оваа институција.

Познавачите на приликите велат дека ова нема да им успее бидејќи градоначалникот Арсенчо Алексовски доминира на овој план со сличен бизнис, па може да се случи помалите риби да бидат лесен плен на покрупните.

И додека функционерите од власта кројат планови кој да зграби поголем дел од колачот, нам треба да ни биде јасно дака последиците ги трпиме сите ние, а следните генерации  излегуваат од воспитно образовните институции со се помал и помал квантум на знаење.