ХАМАС ОБЈАВИ ВИДЕО ОД БОРБИТЕ ВО ПОЈАСОТ ГАЗА – ИЗЛЕГУВААТ ОД ТУНЕЛИТЕ И УНИШТУВААТ ОКЛОПНИ ВОЗИЛА

0
318

Емануел Мани Фабијан, воен дописник за „Тајмс оф Израел“, објави снимка на Хамас од напади врз оклопни возила на израелските одбранбени сили (ИДФ) за време на копнените операции во Појасот Газа.

– Хамас објави видео на кое се гледа како негови членови напаѓаат оклопни возила на ИД во Појасот Газа – напиша Фабијан во описот на видеото објавено на социјалната мрежа Х (поранешен Твитер).

Во објавата тој наведува и дека израелските одбрамбени сили се свесни дека еден од многуте предизвици со кои се соочуваат копнените сили е тоа што терористичките оперативци излегуваат од тунелите и лансираат ракетни проектили кон нив“.

– Сепак, само во неколку такви случаи имало човечки загуби. Израелската армија верува дека во поголемиот број на случаи оклопот на тенковите ги штити војниците од такви напади, се вели во описот на постото.