Заев на Алсат: Огромна почит за здравствените работници, државата не штеди на опрема

0
1123
„Ние не штедиме и нема да штедиме пари за соодветно опремување со заштитни средства на медицинскиот персонал, но знаете дека и таму се менуваат приоритетите цело време. Прво недостигаа маските, потоа се појави потребата од визири, па на крај ајде да нарачаме комбинезони… Но, како што стигаат барањата од лекарите, така ние се трудиме соодветно да им одговориме. Треба да е јасно и тоа дека во моментов не работи само Инфективната клиника, туку целото јавно здравство. Значи потребите на другите клиники си продолжуваат и ние мораме и нив да ги задоволиме.
Паралелно работат и други сектори на кои им е неопходна заштитна опрема, како Санитарниот инспекторат, работат граѓаните на шалтерите, патарините, но секогаш во изминатиот период им се даваше приоритет на здравствените работници за да ги постигнеме максимално ефектите што ги очекуваме од заштитните мерки, говореше претседателот на СДСМ, Зоран Заев во емисијата 360 степени на телевизија Алсат, објаснувајќи дека целиот здравствен систем е мобилизиран и дека сите посветено се трудат што побрзо да се совлада вирусот и што е можно повеќе бројот на заразени да биде помал.
Уште еднаш, секоја почит за здравствените работници и уверен сум дека Владата секогаш ќе им одговара колку што може побрзо на нивните барања и потреби, заклучи Заев.