ФРЧКО ЗА АПАСИЕВ: Kако еден ваков шалабајзер воопшто има позиција во јавноста нешто да соопшти?

0
3894

Фрчко за Апасиев:

– Во општество со брутализирана нација нејзината интелегенција е најпогодена. Императивот нешто да се каже да се „биде“ во јавноста, да се создаде експертско име растура, бидејќи освен желбата и јадежот недостасува сè останато. Тоа е едно шупливо полу-знаење, една напудрена слаткоречивост, празна и повторлива во својата несигурност да ужас еден. Тоа се тие правнички Понзи шеми на измами – кои иако се уриваат катадневно во светло на своите лоши проценки и оценки, во своето квази знаење – тоа сепак ништо не ги учи овие fuck-faces ликови. Тие имаат своја публика и свој филм за кој дробат и дробат. Секако, како вели Вили Нелсон и кога си неуспешен и глуп доволно долго стануваш легенда! И тоа е опција!

Јазичката и телеолошката анализа на изговореното е страотна: латинските цитати и обидот за образовна широчина не е поткрепена со широко и прецизно знаење; нема ни приближна претстава за смислата и значењето на изговореното; нема логичка врска меѓу реченото и она што претпоставувате дека сака да го каже (ниџе везе); неговото изречено не е „истргнато од контекст“ бидејки таков нема; следи бламантно повторување и преприкажување, површни аналогии исцедени од колосално и претенциозно незнаење; толку бесмислено што не е јасно како еден ваков шалабајзер воопшто има позиција во јавноста нешто да соопшти?