Нашиот репортер кој е на терен штотуку ни јави дека лидерот на СДСМ, Зоран Заев по средбата со претседателите на Словенија и Хрватска во Александар Палас дојде на протестот пред седиштето на ВМРО ДПМНЕ и го повика народот да се оди пред влада. Сега сите се упатуваат таму.
Ги повикуваме сите да се упатиме пред влада и ќе се ноќева таму вечерва. Дознаваме дека од цела Македонија се тргнати граѓани и симпатизери на опозицијата додека утре се очекуваат и автобуси и комбиња и друг организиран превоз.
Ова ќе бидат жестоки и големи протести!