МАРИЧИЌ : ПОТРЕБЕН Е ЕНТУЗИЈАЗМОТ КОЈ ГО ИМАВМЕ ПРЕД 32 ГОДИНИ ЗА ОДЛУКИ КОИ НОСАТ СТАБИЛНОСТ И БЛАГОСОСТОЈБА НА СИТЕ

0
283

Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ на граѓаните го честитаа 8 Септември – Денот на независноста на Република Северна Македонија, порачувајќи дека денес е свечен, државнички и историски ден за сите македонски граѓани, кои пред 32 години со силна верба избраа пат за нов почеток, за подобар живот и за подобра иднина во независна, во своја држава.

Ја одбележуваме 32 годишнината од независност на државата остварена како мечта на сите претходни генерации. На нашите претходници им оддаваме огромна чест, признание и им се поклонуваме за нивниот придонес низ годините и вековите до историската одлука кога на референдум, на 8 септември 1991 година нашиот народ изгласа независност и суверенитет.

Со таа историска одлука им се спротивставивме на центрите и околностите кои се закануваа да ја втурнат земјата во воен конфликт и избравме пат со силна верба за нов почеток, за подобар живот и за подобра иднина во независна, во своја држава“, стои во честитката на Маричиќ.

После 32 години независност Северна Македонија ужива посебен углед во светот и се стекна со доверба да биде посакуван стратешки партнер на најголемите земји од западноевропскиот демократски цивилизациски свет, вели Маричиќ, укажувајќи дека на сегашните генерации е историската чест и одговорност да ја чува и развива државата.

Уверен сум дека на бранот на ентузијазмот што ги движеше одлуките кога се донесуваше независноста, и денеска можеме да ги надраснеме разликите и да се соочиме со сите предизвици – да обезбедиме стабилна иднина, заедно со нашите меѓународни пријатели, да живееме во мир, стабилност, брз економски раст и благосостојба, брзајќи кон денот кога независноста на нашата земја ќе ја славиме како членка на Европската Унија, нагласи вицепремиерот Маричиќ.

 Во продолжение интегрален текст од честитката на вицепремиерот Маричиќ:

Свечен, државнички и историски ден е 8 Септември за сите македонски граѓани.

Ја одбележуваме 32 годишнината од независност на државата остварена како мечта на сите претходни генерации. На нашите претходници им оддаваме огромна чест, признание и им се поклонуваме за нивниот придонес низ годините и вековите до историската одлука кога на референдум, на 8 септември 1991 година нашиот народ изгласа независност и суверенитет.

Со таа историска одлука им се спротивставивме на центрите и околностите кои се закануваа да ја втурнат земјата во воен конфликт и избравме пат со силна верба за нов почеток, за подобар живот и за подобра иднина во независна, во своја држава.

На нас, на сегашните генерации, ни припадна историската чест и особено одговорност да ја чуваме и развиваме македонската држава.

Денес Северна Македонија ужива посебен углед во светот и се стекна со доверба да биде посакуван стратешки партнер на најголемите земји од западноевропскиот демократски цивилизациски свет.

Денес како граѓанска држава на сите граѓани и на сите етнички заедници, здружени во заедничкото општество, со јасно потврден македонски идентитет, сме полноправна членка на НАТО, што е најсилна гаранција за заштита на интегритет и на суверенитетот и што ни е аманет од сите пред нас кои се бореа за слободата и независноста на Македонија.

На прагот сме на остварување на уште една од најважните стратешки цели, членството во ЕУ, за коешто имаме безусловна поддршка од Унијата. Јасни и гласни се повиците од ЕУ час поскоро да станеме полноправна членка на семејството европски народи, сега веќе и со проектиран краен рок – 2030 година.

Уверен сум дека на бранот на ентузијазмот што ги движеше одлуките кога се донесуваше независноста, и денеска можеме да ги надраснеме разликите и да се соочиме со сите предизвици – да обезбедиме стабилна иднина, заедно со нашите меѓународни пријатели, да живееме во мир, стабилност, брз економски раст и благосостојба, брзајќи кон денот кога независноста на нашата земја ќе ја славиме како членка на Европската Унија.

Честит 8 Септември!