(ФОТО ГАЛЕРИЈА) ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА СДСМ ПРИЛЕП МИЛЕ ТАЛЕВСКИ НА ПРИЛЕПСКАТА ОПШТА БОЛНИЦА ДОНИРА ТУНЕЛ ЗА ДЕЗИНФЕКЦИЈА

0
965

Предизвикот пред кој сме сите исправени – пандемијата на коронавирусот, од нас бара лична одговорност, солидарност и хуманост.

Од тие причини, а со цел да им помогнеме на нашите здравствени работници кои се на првата борбена линија во битката со невидливиот непријател – вирусот КОВИД-19, јас и моето семејство денеска дониравме тунел за дезинфекција за потребите на Општата болница „Борка Талески“ – Прилеп.

Тоа е најмалку што можеме да направиме, за да им помогнеме и да им оддадеме заслужена почит и признание на здравствените работници, за нивната секојдневна пожртвуваност и несебична борба за зачување на здравјето на граѓаните.

Апелирам, до сите мои сограѓани и стопански субјекти од градот кои се во можност да донираат и да помогнат, да го направат тоа. Со взаемно помагање и солидарност, со почитување на мерките и препораките, ќе ги надминеме последиците од коронавирусот и ќе го намалиме неговото ширење.

#КоронавирусМК #KoronavirusMK #ЗаштитиСе #СедиДома #

Фејсбук статус на претседателот на СДСМ Прилеп, Миле Талевски.