НА ЕДНА ОД НАЈГОЛЕМИТЕ СВЕТСКИ БУДАЛЕТИНКИ МУ ТЕЧЕ НИЗ НОГАВИЦИ – ТРАМП : АКО ИЗГУБАМ НА НАРЕДНИТЕ ИЗБОРИ, КИНЕЗИТЕ ЌЕ БИДАТ ВИНОВНИ

0
1301

Американскиот претседател Доналд Трамп оцени дека справувањето со кризата со коронавирусот од страна на Кина е доказ дека Пекинг сака да го спречи да победи на изборите.

Трамп рече дека официјален Пекинг ќе стори сé што може за да го спречи неговиот реизбор за претседател на изборите кои во САД се закажани за ноември.

За време на интервјуто за „Ројтерс“ во Белата куќа, Трамп остро зборуваше за Кина и најави дека разгледува различни опции за санкционирање на земјата поради нејзиното управување со кризата од коронавирусот.

Трамп ја обвинува Кина за пандемијата на вирусот, од кој починаа најмалку 60.000 луѓе само во САД, истакнувајќи дека таа довела до рецесија на американската економија и ги загрозува неговите шанси за реизбор.

Американскиот претседател, кој честопати во САД е обвинуван дека предоцна реагирал на епидемијата на коронавирус, ја обвини Кина дека не направила доволно за да го предупреди светот во времето на ширењето на инфекцијата.

Трамп рече дека може да ја санкционира Кина на многу начини, но засега само ја анализира ситуацијата.