(ФОТО ГАЛЕРИЈА) КАЈ ШТО ТИТО ЗАСТАНАЛ ТАМУ ПРОДОЛЖУВААТ СУГАРЕСКИ И ДОКТОРОТ, НЕМА ОДМОРА ДОК ТРАЈЕ ОБНОВА : ГРАДЕЖНА ОФАНЗИВА НА ПАТОТ ВО МАРИОВСКИОТ КРАЈ, ЛАГОВО, ШТАВИЦА И ВИТОЛИШТЕ

0
898

На мое огромно задоволство, денеска заедно со градоначалникот Јованоски извршивме увид во асфалтирањето на патот во Мариовскиот крај, Лагово-Штавица -Витолиште, значаен патен правец за тој дел.Ова практично беше и барање на жителите од овој крај.

Силни градежни работи реализираме во Прилеп и Прилепско, само во патната мрежа во моментов во Прилеп и околината инвестираме преку 70 милиони евра.
Завршивме со:

· рехабилитација на стариот пат од Прилеп до Битола,
· транзитот низ Прилеп и
· патот од Прилеп до Прилепско Езеро.

Во моментов ги рехабилитираме:
· патот до Норово,
· од Лажани до Житоше,
· привршуваме со патот од Дреново до Фариш.

Во текот на овој месец ги објавуваме тендерите за рехабилитација на патиштата:
· Фариш-Прилеп
· Кривогаштани–Крушево
а претходно го рехабилитиравме патниот правец Рапеш-Старавина.

Дополнително обезбедивме 1,2 милиони евра за санација на локалните улици во Прилеп.

Продолжуваме……

Фејсбук статус на министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески.