(ФОТО ГАЛЕРИЈА) ДОКТОРОТ СЕ ПОФАЛИ ПРЕД ПРИЛЕПЧАНИ СО НОВИОТ УБАВ И МОДЕРЕН МОСТ ЗА КОЈ ВМРОВЦИТЕ 3 ГОДИНИ ЈАДЕА БУРЕК ДЕКА ЌЕ БИДЕ МОВЧЕ!

0
1128

Благодетот од новиот мост на улицата „Трајко Николоски“ ќе го користиме сите ние, но и идните генерации во следните 50 и повеќе години. Површината на мостот е 849 м2, должината е 24 метри а заедно со мосниците 30 метри. Во најтесниот дел мостот е широк 22 метра а за неговата изградба од општинскиот буџет се одделија 35 милиони денари.

Со почетокот на градежната сезона во новата 2021 година, ќе ја реконструираме улицата „Трајко Николоски“, на потегот од новиот мост, преку железничкиот премин, до улицата „Александар Македонски“, во вкупна должина од 400 метра.

И следната година продолжуваме со изградба на инфраструктурата во градот и населените места, за што во буџетот на Општина Прилеп се предвидени 81 милион денари. Покрај тоа, започнуваме со имплементација на новите три капитални проекти: детската градинка, реконструкција на Старата чаршија и изградбата на затворениот базен.

#ОпштинаПрилеп

#ГрадимеПоПлан

Фејсбук статус на градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски.