СДСМ: Груевски уште еднаш ја потврди автентичноста и вистинитоста на „бомбите“

0
1044

СДСМ реагираше на гостувањето на Груевски во денешните вести на Сител каде тој му заблагодари на Заев за снимките, и побара граѓаните да ги слушнат самите.

sdsm640nasa

„Денеска Никола Груевски уште еднаш ја потврди автентичноста и вистинитоста на аудио доказите коишто ги презентира СДСМ во јавноста.

Никола Груевски потврди дека сè што е објавено во досегашните 30 прес конференции на СДСМ е целосно точно.

Груевски призна дека аудио снимките ниту се од странски служби, ниту пак се лепени, ниту сечени, ниту монтирани туку се автентични и вистински, снимени од македонската УБК.

Катастрофалното, нестручно, непрофесионално и неодговорно водење на случајот Младенов излезе на виделина.

Криминалната власт на Никола Груевски ја лажела јавноста, криела клучни информации и не спровела истрага за случајот Младенов.

Груевски, Јанкуловска и соработниците се последните коишто може да спроведат било каква истрага. Криминалната банда на власт единствено може да одговара, согласно Уставот и законите, за сторените кривични дела за коишто постојат непобитни докази“, стои во соопштението на СДСМ.