(ФОТО) Буџетските лебарки на ВМРО-ДПМНЕ во Битола излегоа на улиците да ја чекаат одлуката на ДИК

0
1627

Стотици членови и приврзаници на ВМРО-ДПМНЕ од Битола попладнево околу 16 часот се собраа пред зградата на општинскиот комитет на партијата, во центарот на градот, поради, како што велат нивниот гнев од непризнавањето на изборните резултати од страна на опозицијата, пренесува „Мета“.

Портпаролката на битолскиот огранок на ВМРО-ДПМНЕ, Валентина Марковска вели дека членството и симпатизерите на партијата се собрале спонтано во исчекување на одлуката на Државната изборна комисија за приговорите за текот на гласањето на изборите, што се одржаа во неделата. Дел од присутните пак велат дека биле повикани преку СМС-пораки.

Марковска, преку прес-конференција се обрати до СДСМ и побара од опозициската партија наместо да се заканува со жалби, пребројување на гласовите и со прегласување, да ја честита победата на ВМРО-ДПМНЕ.

– Пред Државната изборна комисија да ги соопшти првичните изборни резултати никој од вас воопшто не спомнуваше изборни нерегуларности или изборни инциденти. Бројот на освоени мандати – 49 ве натера да почнете очајно да се заканувате со жалби, пребројување, прегласување. Наместо лажни прослави и помпезни изјави, време е СДСМ да собере храброст и достоинство и да ни го честита остварениот изборен резултат – рече Марковска.

Инаку, Државната изборна комисија за утре ја закажа седницата на која треба да расправа и да одлучува по приговорите од партиите што се однесуваат на текот на гласањето на предвремените парламентарни избори на 11 декември.

До Државната изборна комисија поднесени се вкупно 16 приговори, по осум од СДСМ и од Беса.