ФОРУМОТ НА ЖЕНИ НА СДСМ ЈА ДОНИРАШЕ ПОМОШТА ЗА ТУРЦИЈА И СИРИЈА ПРЕКУ ЦРВЕНИОТ КРСТ

0
343

Претседателката на Форумот на жени на СДСМ, Јована Тренчевска, денеска во магацинските простории на Црвениот Крст ја предаде собраната хуманитарна помош во обувки, облека, детска храна, душеци, јорганчиња и финансиски средства за дечињата погодени во катастрофалните земјотреси од Турција и Сирија.

Последиците од катастрофалните земјотреси се огромни и сите ние сочувствуваме со народот на пријателска Турција и со сите погодени од двете земји. Солидарноста, хуманоста и помагањето се темелни вредности на социјалдемократијата и принципи на делување на Форумот на жени на СДСМ.