МНОГУ БЕДНО И НЕДОВЕТНО ОДНЕСУВАЊЕ ОД ЛАЗАРОВ – НАМЕСТО ДА СЕ ПОКАЕ И ИЗВИНИ И ПОНЕСЕ ОДГОВОРНОСТ ЗА ГРЕШКАТА И ДА ВЕТИ ДЕКА ЌЕ ПРОБА ДА СЕ ПОПРАВИ КАКО ЧОВЕК, ЛАЗАРОВ ГИ НАПАЃА СИТЕ КОИ ГО КРИТИКУВАА, ЖАЛНО И БЕДНО БИЛО ШТО ГО НАПАЃАЛЕ

0
807

Јутјуберот Стефан Лазаров наместо да се покае и извини и да поднесе морална одговорност за грешката и да вети дека ќе проба да се поправи како човек, Лазаров започна во својот најнов подкаст ,,ИЗВИНЕТЕ” да ги напаѓа сите оние кои го критикуваа и напаѓале по скандалозното интервју со Латас каде се смееше на муабетот за групно силување на девојка!

Многу бедно, жално и недоветно однесување на Стефан Лазаров.

Во прилог ќе постираме и еден интересен коментар на гледач на ЈутЈуб каналот на Лазаров кој потенцира многу добри поенти околу неговото интервју со Латас и квази извинување :

  • Те изгледав до крај пошто замоли. Прво, подкаст во Македонија има веќе некое време и не е нешто ново, не сме паднати од Марс. Како е возможно една недела да нема реакции?Возможно е. Затоа што сериозната публика не те прати. Или те следи во мал процент. Те пратат деца. Малолетни деца.

    Од каде животната приказна на Латас одеднаш стана анегдота на која ти си смеел, пази молим те, 10 секунди? Ме интересира, се изгледа себе си откако го сними подкастот? Уште ти е смешно? Пошто викаш дека мислиш дека МОМЕНТАЛНО не треба да стои таа содржина на твојот канал… 

    За што всушност се извинуваш Лазаров? За анегдота на која се смееш ама не си ја дослушал? Да те глеа Кили ќе ти каже, ма немој да ме јебеш бре… Да во право си дека платформата боде очи, од бљувотини за кои како автор мора да научиш да сносиш одговорност. Тој наратив за политички притисок кај народов веќе не проаѓа. На повозрасните воопшто не им е чуден подкастот како концепт. Симни се малку од облаци. Разгледај колку сериозни медиуми во Македонија прават подкаст друже. Велиш знам дека згрешив ама ми требаше време за да ви се обратам вака.Ти требаше таа недела во која немаше никакви реакции? Или овие два дена откако пристигнаа критиките?

    Друже, најискрено, кога ќе кажеш извини, и после ќе додадеш ама… тоа извини си го фрлил во вода. Еве ја погледнав и втората страна и мислам дека втората страна не е на чисто со себе, пред да биде на чисто пред својата публика.