ФИЛИПЧЕ И ЗАЕВ ПО ПОВОД 1-ВИ МАЈ УТРОВО ВО СТРУМИЦА ДАРУВАА КРВ

0
697

По повод 1 Мај Денот на трудот, утрово со премиерот Зоран Заев дарувавме крв во Службата за трансфузиона медицина во Струмица. Постапката е многу едноставна, а вработените во Трансфузија се љубезни и пријатни при целиот процес на дарување крв. По дадената согласност, следува здравствена проверка, а потоа во пријатна атмосфера со почитување на сите мерки за заштита од вирусот Ковид 19, ја завршивме оваа многу лесна постапка.

Дарувањето крв може да спаси живот, само со едно ќесе крв може да се подобри здравјето на 3 до 4 пациенти. Бидете хумани, дарувајте крв! Крводарителството е хумана човечка вредност.

Фејсбук статус на министерот за здравство, Венко Филипче.