За настаните на 27 април се креираше приказна и тоа веќе се докажува во судот.
По моите сознанија имало оперативен план, во министерството и партијата, т.н. “Дивиот Ангел”, и врз основа на тој план требало да се спроведат активностите во Собранието и да настане таа катастрофа што требало да настане, во салата за одржување на пленарните седници.
Неслучајно ние како пратеници од парламентарното мнозинство останавме на своите места и од таму ја продолживме седницата за избор на претседател на Собрание.
Планот беше ако се дојде на местото на претседавачот, тука да настане хаосот и можеби убиството да се случи тука.
Ова е креација на болните умови кои тогаш работеа и ова треба јавноста да го знае, за никогаш да не се повтори.