УСТАВНИОТ СУД ГО УКИНА ЧЛЕНОТ ОД 22 ОД ЗАКОНОТ ЗА ПЛАТИ И ДРУГИ НАДОМЕСТОЦИ КОЈ ПРЕДВИДУВАШЕ АПАНАЖА НА ФУНКЦИОНЕРИТЕ КОИ ДАЛЕ ОСТАВКА ИЛИ СЕ РАЗРЕШЕНИ

0
479

Почитувани,

Поради интерес на повеќе медиуми за предметот У.бр.8/2022 ве информираме дека Уставниот суд на денешната седница го укина членот 22 од Законот за плата и другите надоместоци на избрани и именувани функционери.Содржината на овој член е дека пратеник, функционер и раководен работник кој поднел оставка или е разрешен од должноста пред истекот на времето за кое е избран, именуван или назначен ги има сите права како останатите функционери меѓу другото и право на надоместокот популарно наречен „апанажа”.

Овој член според судот нема уставна оправданост. Судот го зема во предвид фактот дека до оставка или до разрешување доаѓа заради некаков вид на одговорност поврзана со вршењето на доверената функција.Според Судот, оставката и добивањето на паричен надоместок во вакви случаи се меѓусебно неспојливи. И затоа е донесена укинувачка одлука,одредбата е спротивна на владеењето на правото кое е една од темелните вредности на нашиот Устав, предвидена во членот 8.

Иницијативата е поднесена на почетокот на 2022 година, од страна на Глигорие Ќатоски, адвокат од Струга.Оспорени беа 7 члена од Законот, од 19-25, но Судот го оцени само членот 22 како спротивен на Уставот.Оваа одлукана Уставниот суд е конечна и влегува во сила откако ќе се објави во Службен весник.