Макрадули: За да се променат работите во интерес на граѓаните, треба да се промени мнозинството, со кадри кои не гласаат по наредба на телефон, кариерата не им зависи од припадност на тефтерчиња, почитуваат бројки а не пропаганда

0
1096

На јасен како за првачиња Устав во делот на процедурите, уставните судии од тефтерот на Горде гласаат партиски и против интересите на граѓаните.

На јасен резултат од вкрстената анализа, мнозинството во ДИК на чело со Бонева гласа против бројките и против интересите на граѓаните.

На јасен како за првачиња Устав во делот за хуманизација на просторот, мнозинството во советот на град Скопје гласа спротивно на одрдбите и против интересите на граѓаните.

Затоа, за да се променат работите во интерес на граѓаните, треба да се промени мнозинството, со кадри кои не гласаат по наредба на телефон, кариерата не им зависи од припадност на тефтерчиња, почитуваат бројки а не пропаганда.

Фејсбук статус на Јани Макрадули