Полициски службеници во два наврати на лична адреса ја барале уредничката на Телма, Весна Јовановска Дојчиновска, по наредба на обвинител, за да учествува во распит за информација која воопшто не е објавена на ТВ Телма и на дигиталните сервиси на телевизијата, пренесува Телма.
За случајот, ТВ Телма ги информираше и новинарските претставници од Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) и од Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ).