УПРАВИТЕЛ И ФИРМА ОСОМНИЧЕНИ ЗА ЗЛОУПОТРЕБА НА ПОСТАПКА ЗА ЈАВНА НАБАВКА

0
910

Осомничениот управител преку правното лице во 2018 година, како што соопштија од Јавното обвинителство, свесно ги повредил прописите за постапката за доделување договор за јавна набавка на средства за хигиена спроведена од Службата за општи и заеднички работи на Владата на Република Северна Македонија.

„Постои основано сомнение дека како дел од конзорциум кој учествувал во постапката за јавната набавка, осомничените поднеле невистинита документација и оствариле имотна корист од поголеми размери за правното лице. Имено, со приложената невистинита документација осомничените биле избрани во постапката и со нив бил склучен Договор за јавна набавка со вкупна вредност од 209.999.304 денари без ДДВ за период од три години. Врз основа на овој договор, обвинетиот и неговото правно лице биле исплатени износ од 60.691.261 денари со ДДВ, односно 25 проценти од вкупниот износ исплатен кон конзорциумот“, се појаснува во соопштението.

Во 2021 година, истото правно лице, повторно како дел од група фирми, се јавило во постапка за јавна набавка на средства за хигиена спроведена од Службата за општи и заеднички работи на Владата. Повторно врз основа на лажни документи, стои во соопштението, бил склучен договор со осомниченото правно лице како носител на групната понуда и му биле исплатени 21.497.105 денари со ДДВ за извршување на обврските по јавната набавка, односно 40 проценти од вкупниот износ на договорот.