УПОРНАТА МИЛА ЦАРОВСКА ИЗВОЈУВА ПОБЕДА ВО ТИМЈАНИК: МАЛ ГРУПЕН ДОМ ЌЕ ИМА, ЖИТЕЛИТЕ СЕ СОГЛАСИЈА!

0
1455

Заедно со жителите на Тимјаник одлучивме дека сепак ќе има мал групен дом. И тие и јас веруваме дека Тимјаник ќе биде симбол на хуманоста на нашето општество и на крајот сите ќе се гордееме со тоа.
Во рамките на вчерашната посета во Неготино, заедно со градоначалникот повторно се сретнавме со локалното население. Се разви многу конструктивна дискусија и жителите дадоа поддршка на она што го правиме. Недоразбирањата се веќе минато, а подготовките за малиот групен дом во Тимјаник продолжуваат.