КОВАЧЕВСКИ – САДРИУ : СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА И КОСОВО НЕМААТ ОТВОРЕНИ ПРАШАЊА, НА ПОВИДОК НОВИ ЧЕКОРИ ЗА ПРОДЛАБОЧУВАЊЕ НА СОРАБОТКАТА

0
384

Премиерот Ковачевски го изрази задоволството од фактот што Косово е значаен трговски партнер на Северна Македонија и изрази подготвеност за зголемување на економската соработка во двете насоки.

Осврнувајќи се на дијалогот меѓу Косово и Србија, премиерот Ковачевски потенцираше дека Северна Македонија ги поддржува напорите на Европската Унија во процесот и ги охрабрува двете страни за натамошен продуктивен дијалог во насока на зголемување на довербата.

Пред средбата, премиерот Ковачевски го следеше обраќањето на косовската претседателка, Вјоса Османи-Садриу во Собранието на Република Северна Македонија.

На средбата во состав на македонската делегација присуствуваа првиот заменик на претседателот на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, министерката за одбрана, Славјанка Петровска, министерот за правда, Кренар Лога и амбасадоркста на Република Северна Македонија во Република Косово, Шпреса Јусуфи.