УБАВА АТМОСФЕРА ВО ПРИЛЕП! ГЛАСОВИТЕ НА КОВАЧЕВСКИ И ПАЧЕШКОСКИ ГРМЕА ВО САЛАТА ОД ДОМОТ НА КУЛТУРАТА ,,МАРКО ЦЕПЕНКОВ” КОЈА БЕШЕ ПРЕМАЛА ДА ГИ СОБЕРЕ СИТЕ

0
560

На вечерашната трибина на СДСМ во Прилеп одржана во домот на културата Марко Цепенков под мотото ,,Силно и одлучно кон иднината” говорници беа премиерот и претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски и претседателот на СДСМ Прилеп, Зоран Пачешкоски.

Претседателот на ОО на СДСМ во Прилеп Зоран Пашчекоски, на граѓанската трибина под мотото „Силно и одлучно кон иднината“ истакна дека по точно една година откако локалната власт премина во рацете на ВМРО-ДПМНЕ, се виде дека нивната изборна програма била само список на желби.

Претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски вечерва во градот херој- Прилеп се обрати на трибина  со граѓаните во преполна сала во Домот на културата, Марко Цепенков.
Во своето обраќање пред прилепчани, претседателот Ковачевски потенцираше дека сонот и аманетот на Блаже Конески се исполнети, државата и владата успеаа да се изборат за македонски јазик признат и потврден од сит