ВМРО-ДПМНЕ НЕ МОЖЕ ДА СЕ МЕША ВО СУДСКИТЕ ПРОЦЕСИ И ОДЛУКИ, КАЦАРСКА: ЛУЃЕ КОИ ВЛЕГЛЕ ВО СОБРАНИЕ ЗА ДА ТЕПААТ И УБИВААТ ПРАТЕНИЦИ И НОВИНАРИ НЕ МОЖАТ ДА БИДАТ УСТАВОБРАНИТЕЛИ

0
852

“За случајот “27-ми април” се изнесуваат невистини. Критиката од опозицијата е секојдневна, но ниту една нереална критика која што не е заснована на факти, не допира до мене. Политиката кај мене нема влијание” – рече претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска.

“Не може да стане збор за уставобранители за луѓето кои влегле во Собранието за да тепаат пратеници, новинари, полиција, а од друга страна да гледаме претставници на полицијата во комплетна борбена опрема како лежи на фотелјите, се поздравува и гушка со маскираните лица, мислам дека на јавноста и’ е доволно јасно” – рече таа.

Кацарска додаде дека критиката од опозицијата е секојдневна, но ниту една нереална критика која што не е заснована на факти, не допира до неа.

“Политиката на мене не може да влијае. Нема земја во светот и нема политичар кој не сака да има влијание врз судството. Но гарантирам и ви ветувам дека никогаш, ниту еден политичар мене не може да ми каже како да работам” – истакна судијката Кацарска.