ПАЧЕШКОСКИ : НАМЕСТО ПРОЕКТИ ЗА ПОДОБРОУВАЊЕ НА ЖИВОТОТ, ПРИЛЕПЧАНИ ДОБИЈА ПОВИСОКИ СМЕТКИ ЗА ВОДА И КОМУНАЛНИ УСЛУГИ, ПАРКИНГ И ЈАВНИ ГРАДСКИ ПРЕВОЗ

0
440
Претседателот на ОО на СДСМ во Прилеп Зоран Пашчекоски, на граѓанската трибина под мотото „Силно и одлучно кон иднината“ истакна дека по точно една година откако локалната власт премина во рацете на ВМРО-ДПМНЕ, се виде дека нивната изборна програма била само список на желби.
Ни актуелниот градоначалник Борче Јовчески, ниту партијата која го кандидираше, немаат капацитет да се справат со предизвиците кои ги носи градоначалничката функција, нагласи Пашчекоски, додавајќи дека не ги бива да ги завршат ни започнатите проекти од претходната локална власт на СДСМ, ниту пак знаат да ги искористат средствата кои Владата на СДСМ ги обезбеди за реконструкција на „крушевско џаде“ и за изградба на водовод во манастирот Трескавец.
Наместо проекти за подобрување на животот на граѓаните, прилепчани добија повисоки сметки за вода и комунални услуги, поскап паркинг и повисоки цени за јавниот градски превоз, нема бесплатен оброк за учениците до петто одделение, ниту бесплатни униформи за учениците од социјално загрозените семејства, „Победа“, е целосно заборавена и оставена на маргините, рече Пашчекоски.
Претседателот на ОО на СДСМ во Прилеп Зоран Пашчекоски, додаде дека локалната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ спроведе масовна партизација и приватизација на општината и јавните претпријатија.
Нашата реалност и секојдневие, се креирани од најнеспособниот градоначалник во историјата на Прилеп, истакна од трибината претседателот на ОО на СДСМ во Прилеп Зоран Пашчекоски.