УАПСЕН СРБИН КАЈ ПРДЕЈЦИ, ПРЕВЕЗУВАЛ МИГРАНТИ ОД СИРИЈА

0
562

Министерството за внатрешни работи соопшти дека полицијата вчера во атарот на село Прдејци уапсен е државјанин на Србија, кој во својот автомобил превезувал 10 мигранти од Сирија.

„Вчера околу 12.30 часот во атар на с.Прдејци од полициски службеници од Полициска станица Богородица при Регионален центар за гранични работи „Југ“ е лишен од слобода Л.Д.(29) од Р.Србија. Тој бил затекнат како на регионалниот пат Негорци – Прдејци во патничко моторно возило „ауди А6“ со српски национални ознаки превезувал 10 лица мигранти од Сирија“, соопшти МВР.

Од МВР велат дека увид на местото извршила екипа од Полициска станица Гевгелија.„За настанот е известен Јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок“, соопшти МВР.